Жителка на Мичиген беше осудена на 3 до 7 години затвор откако извадила пиштол во ресторан за брза храна поради хамбургер без сланина, објавија локални медиуми.
30-годишната Шанека Моник Торес беше прогласена за виновна за нелегално поседување оружје и за тоа дека стрелала со него на јавно место – ресторан на McDonald`s. Торес отишла со пријател во ресторанот на McDonald`s на 10 февруари 2014 и си нарачала од автомобилот чизбургер со сланина. Послужениот чизбургер сепак немал сланина, но од локалот се извиниле и ѝ предложиле бесплатно мени како компензација.
Младата жена не се смирила и се вратила за неколку часа подоцна во истиот ресторан, па а направила истата нарачка. За несреќа и овој пат чизбургерот бил без сланина. Потоа таа се раздрала на еден од вработените, извадила пиштол од чантата и пукала во локалот.Никој не бил повреден, но куршумот го срушил стаклото на автомобил во минување. Незадоволната клиентка била уапсена половина час подоцна недалеку од ресторанот.