Соживотот со друг човек може да ги натера телата на двајца луѓе да почнат да функционираат на сличен начин, покажува белгиска студија, цитирана од сајтот “Science Аlert”.
Најмногу сличностите почнуваат да се јавуваат кај имунолошкиот систем на луѓето кои живеат заедно, а најверојатната причина за ова е дека тие делат слична храна, режим на вежбање и спиење, како и истиот тоалет. Истражувачите го разгледале имунолошкиот систем на 670 лица во рок од три години. Тие откриле дека венчаните парови со деца имаат 50% помалку варијации во имунолошките системи отколку при споредбите со случајни луѓе од слична демографска група.
Студијата не вклучува лица кои живеат заедно без брак, но според научниците тие би покажале слични резултати со женетите парови. Кај возрасните луѓе речиси 25% од имунолошкиот систем зависи од гените, а остатокот е понесен од животната средина. Познато е дека луѓето кои имаат врска, често пати развиваат слични навики, наречени брачни усогласувања. На пример човек кој го злоупотребува алкохолот е склон да го ограничи внесот на алкохол, ако е заедно со некој кој не пие.
Според истражувањето тие го споделуваат начинот на живот, како и општите услови на живот како загадување на воздухот и бактериско ниво, имаат директна врска врз имунолошкиот систем.
Друг важен елемент се и децата. “Лишувањето од сон, стресот, хроничните инфекции и сите други предизвици на тоа да си родител предизвикуваат многу повеќе на нашето тело од само побелување на косата.
„Сметам дека секој родител на дете во предучилишна или училишна возраст може да го оцени ефектот што едно дете го има врз нашиот имунолошки систем “, вели Адријан Листон од Универзитетот во Лев. Студијата на Листон и неговите колеги е утврдено дека соживотот и децата имаат поголем ефект врз имунолошкиот систем од инфекции како настинка или гастроентеритис, по кои бактериите во нашето тело се враќаат во нормалниот состав.