389
Вдовицата на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант, на социјалните мрежи објави видео од својата ќерка Коко која се обидува да оди, а со описот на видеото ги разнежни фановите.
„Мојата Коко, изгледа како Џиџи со очите на својот татко“, напишала.
Коко, чие целосно име е Капри Коби, е најмладата ќерка на кошаркарот и неговата сопруга, а родена е пред седум месеци.
https://www.instagram.com/p/B8UK5TmjmDp/
Додека малото девојче се обидува да оди со помош на тета Рири, мама Ванеса ја бодри зад камерата.
Фановите коментирале дека навистина ја гледаат сличноста на малечката со 13-годишната Џиџи, но и татко им.