Не е тајна дека делфините се пријателски настроени и љубовни животни . Но, не е тајна и тоа дека тие имаат тенденција да манифестираат интимен интерес на поединци од ист пол .
Хомосексуалните врски меѓу животните се целосно можни и никој не го осудува ова. А, ние луѓето сѐ уште не можеме да навикнеме целосно со овој вид разлика, што исто така ја покажуваме.
Природата се покажува како доста потолерантна кон хомосексуалноста . Таму таа не е забранета. Заради интересот на претставниците на истиот пол, стадото нема да те одбие!
Зошто не земеме пример од животните и не видиме кои животински видови се најсклони да манифестираат хомосексуални склоности ?
Пингвините се добро познати меѓу научниците со своите хомосексуални врски. Машките пингвини кои нема како да создадат своја генерација, често одгледуваат напуштени осамени јајца, чии мајки или се водат за исчезнати, или загинале за време на лов за риба.
Хомосексуалноста кај лавовите е прилично честа. Лавовите го практикуваат овој вид на врски, за да ја зајакнат лојалноста и верноста еден кон друг.
Младите машки жирафи се исто така склони да погледнуваат кон сопствениот пол. Често се случува да се додворуваат жирафи од машки пол во рана возраст, пред да се состанат со соодветна женска.
Сексуален интерес кон истиот пол пројавуваат и слоновите. Го прават тоа и машките и женските слонови. Љубовта на слоновите варира во многу различни гестови. Таа може да е нежна и заштитничка, но може и да е брутална.
Типичните хетеросексуални врски кај слоновите се краткотрајни, додека чудно е дека постојат докази за тоа како врската помеѓу два машки слона може да трае до смртта на едниот.
Сезоната на парење кај китовите е доста влијателен фактор. Машките китови често стануваат интимно блиски со партнери од ист пол. Најчесто тоа се случува во пролет и есен.
Мајмуни
Луѓето и мајмуните си личат не само поради лузните на еволуцијата. Кај мајмуните исто така се забележани хомосексуални врски, како кај нас.
Според истражувањата на National Geographic 75% од мајмуните практикуваат секс со индивидуи од ист пол, а речиси сите бонобо се бисексуалци – имаат секс за создавање на потомство, но имаат и секс за забава со мајмуни од ист пол.
Коали

Утврдено е дека женските коали во заробеништво манифестираат хомосексуални склоности. Научниците не се сигурни зошто токму тоа го прават, но тие имаат хомо секс многу повеќе отколку стрејт секс.
Црни лебеди

Слично на пингвините, црните лебеди исто така имаат геј претставници. Тие наоѓаат напуштени јајца и ги одгледуваат малите потоа како вистинско семејство.
Фотографии: Wikipedia, Flickr, toughpenguin, barbarashdwallpapers, smithsonianmag, Youtube




