Животот го помина јадејќи змии и мртви крави, а несреќа за малку ќе го оставеше неподвижен

од Stefanija Kuzmanovska
453 прегледи

Беар Грилс го правеше она што ретко кој би се осмелил да го прави – јадеше змии, ја испи сопствената урина и се вовлече во полураспаднат труп на одамна мртва крава, чии црева малку пред тоа и ги отстрани, но водењето таков живот доведе до тоа авантуристот „да го боли сè живо“ додека го снимаше серијалот „Преживување во дивината“.

„Секој ден живеам со постојани потсетници за минатите повреди и минати авантури. Болката доаѓа и си оди, но во моментов мојот грб е прилично лош“, вели ѕвездата на „Running wild with Bear Grylls“, која ја снима од минатата година.

Изворот на неговата болка е всушност несреќа што се случила далечната 1996 година во Зимбабве. Грилс тогаш скокаше од авионот со пријателите, но неговиот падобран не успеа да се отвори правилно на височина од речиси 5.000 метри, па падна на грб, поточно на неотворениот резервен падобран и скрши три пршлени. Тогаш му било кажано дека никогаш повеќе нема да оди.

„Навистина ме потресе“, вели Грилс, кој сега живее на приватен остров во близина на брегот на велшкото село Аберсох со неговата сопруга Сара и нивните три сина. Тогаш имал само 21 година, а поради несреќа морал извесно време да лежи во болница додека неговите пријатели живееле разни авантури без него.

„Бев толку несигурен за иднината. Помислата дека некогаш ќе се вратам во Специјалната воздушна служба изгледаше смешна. Се обидував да го обновам мојот живот, да ја вратам самодовербата, но не знаев дали физички некогаш ќе можам да се вратам во времето кога не бев во агонија правејќи ги наједноставните работи“, призна тој.

Помина една година на терапија и за среќа се врати на нозе. А само 18 месеци по несреќата, тој стана најмладиот човек кој се искачил на Еверест.

Покрај проблемите со грбот, тој има и големи болки од скршеното рамо. Но, со текот на времето научил да живее со тие симптоми.

„Имам многу долготрајни повреди и не би сакал луѓето да мислат дека тоа е лесно или не боли. Но, голем дел од животот е управувањето со овие работи и со целото мое битие се трудам да се држам настрана од дрогата и да најдам добри, природни решенија и да продолжам да го правам тоа“, рече тој во едно неодамнешно интервју.

„Отсекогаш ми се допаѓаше тој цитат кој вели: „Никогаш не сакате да го видите крајот на животот во совршено сочувано тело“. Тоа значи дека не сte живеелe. Сакате да пристигнете со лузни и iskr[eni, но уживајќи во возењето. Реалноста на живеењето на тој цитат понекогаш е помалку забавна, во смисла дека лузните и болката се иритирачки. Но, како што велат, кога сте под 30 го имате лицето и телото што ви е дадено, а по 30 го имате лицето и телото што сте ги создале. Тоа е толку точно. Навистина се трудам да не се грижам премногу за моето здравје, но мислам дека сите имаме одговорност да бидеме свој лекар. Луѓето мора да се справат со некои страшни болести и да минуваат низ страшни работи, па ако имаме можност да бидеме здрави, мора да го направиме тоа“, додаде Беар.

Слични содржини