
Оваа теорија, ако се покаже точна, би разрешила долгогодишна еволутивна мистерија
Животот на Земјата може да е резултат на гигантски судир меѓу Земјата и друга планета пред 4.4. милијарди години, покажува новото истражување.
Научниците сметаат дека сличен судир може да објасни како јаглеродот кој е потребен за јаглерод-базирани форми на живот како нашата да постои, се појавил во мантијата на планетата и нејзината површина. Оваа теорија, ако се покаже точна, би дозволила долгогодишната еволутивна мистерија.
Кога Земјата била многу млада била исклучително топла, поради исклучително интензивната вулканска активност која ја одржува планетата како една огромна, претопена маса.
Еден од проблемите со тоа да се објасни како животот на Земјата може да се појави е дека целиот јаглерод потребен за животот на земјата, би требало да испари во такви температурни услови.
Но сега геолози од Универзитетот Рајс креваат нова хипотеза, која објаснува присуството на јаглерод.
Судир со планетата, која веројатно личи на Меркур, откако земјата е оладена, може да донела јаглеродот, потребен да се развие живот на Земјата и нашата планета може да го апсорбира за време и по судирот.
Слична хипотеза исто објаснува како елементот не се споил со кората, каде што исто така не би можело да се роди живот.