Жизел Бундхен ги покажа своите пет сестри: „Tолку убавина на една маса“

од Vladimir Zorba
415 прегледи

Жизел Бундхен го искористи своето патување во родниот Бразил за да го посети семејството и да помине извесно време со нив, бидејќи во текот на годината поради деловни обврски нема често можност да го направи тоа.

На Инстаграм ја следат дури 22 милиони луѓе, а токму нив убавата 43-годишна манекенка Жизел Бундхен сега ги почести со фотографии од своето семејство.

Деновиве еден од најпознатите ангели на Викторија го посети родниот Бразил за да помине квалитетно време со семејството, а ги донесе и децата, синот Бенџамин (13) и ќерката Вивијан (10), кои ги има со поранешниот сопруг Том. Брејди.

Жизел го искористи семејниот собир за да ги направи своите омилени фотографии, вклучувајќи ја и онаа на која позира со мама Вања и тато Валдир и нејзините пет сестри Ракел, Грациела, Габриелa, Рафаелa и Патриша. Јавноста до сега имаше можност да ја види сестрата на Жизел, двојајчаната близначка Патриша, со која се појавуваше на разни настани.

„Благослов е да растеш во такво семејство“, „Неверојатна си!“, „Леле, можно ли е ова, толку убавина на една маса!“, се само дел од коментарите кои следеа по објавата.

Слични содржини