Познатата манекенка Жизел Бундхен позираше за насловната страница на италијанското издание на „Вог“, а оваа фотографија наиде на осуди и критики на социјалните мрежи.
Така, еден корисник на Твитер напиша: „Кога омилената естетика меѓу познатите стана сатанска?“.
Коментарите дека Жизел Биндшен го имитирала Сатаната во нејзината поза набрзо се проширија низ мрежите.
„Зошто црвената боја наеднаш толку се разбуди“, „Сатанска вештерка“, се само дел од коментарите, а вниманието го привлекува положбата на нејзините раце, облеката слична на онаа на „следбениците на сатанизмот“ и фактот дека буквите „О“ и Г“ во името „Вог“ формираа рогови на ѓаволот.
Жизел позираше за „Вог“ во фустан на Валентино, блед тен, со црвен кармин и дијамантски обетки. Нејзиниот стајлинг го дизајнираше стилистот Иб Камара, кој е и главен уредник на магазинот „Dazed“.
Жизел Биндхен се најде на насловната страница на „Вог“ 142 пати.