Жизел Бундхен во бикини и се пофали со одличната линија (ФОТО)

од Vladimir Zorba
381 прегледи

И покрај тоа што ќе го прослави својот 41 роденден на 20 јули, Жизел Бундхен е во завидна форма. Познатиот супермодел ужива во летните денови што ги поминува на плажа.

„Недела, лето и сонце = рај“, напиша таа на англиски и португалски јазик покрај фотографијата на која позира во бикини во леопард и покажува фантастична линија.

Таа се пофали со истренираните нозе и рамниот стомак и ги инспирираше своите обожаватели да го следат нејзиниот режим, кој вклучува јога и медитација. Имено, минатата недела таа откри дека овие вештини започнала да ги вежба пред неколку години.

„Со помош на јога и медитација, излегов од тој период посилна и посреќна. Колку и да се тешки предизвиците што ве чекаат, тие секогаш носат можност за трансформација”, рече таа.

Бундхен и сопругот Том Брејди имаат две деца, но тој секогаш се обидува да најде време за себе, што го смета за клучно за физичкото и менталното здравје.

„Најчесто не сфаќаме дека сме изгорени додека не се исцрпиме целосно – ментално, емоционално и физички“, објасни таа во една прилика на Инстаграм.

Слични содржини