Жоакин Феникс спасил теле и крава од кланица (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
524 прегледи

Актерот оскаровец, кој воедно е и веган и поборник за заштита на правата на животните, по трогателниот говор, кажаното го спровел и на дело.

Тој ја посетил кланицата Manning Beef во Калифорнија и разговарал со директорот Антони Ди Мариа.

Двајцата разговарале за производството на месо и за третманот на животните. По посетата, актерот бил забележан како си заминува со кравата Либерти и телето Индиго, спасувајќи ги од страшна судбина.

Феник се погрижил двете животни да бидат сместени на фарма.

Слични содржини