476
По добиена дојава за истекување на жолта течност во Светиниколска река под полициската станица, извршен е надзор од страна на инспекциските служби на општина Свети Николе, информираше градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.
„Според извештајот од службите се работи за моментално истекување на непозната жолта течност од канализационата мрежа . Во моментот речното корито е чисто, а инспекциските служби во текот на утрешниот ден дополнително ќе го утврдуваат можното потекло на испуштената течност во речното корито и превземање на санкции против сторителите на овој чин.Апелирам до сите граѓани да пријават вакви нехумани чинови на загадување на нашата околина во која сите ние живееме“, вели Велковски.