Жолтите автомобили најдобро држат цена

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Една нова студија ја поврзува бојата на автомобилот со губењето на вредноста со текот на времето.

Пазарот на половни автомобили го следи пазарот на нови автомобили во однос на трендовите на цените. Меѓутоа, кога станува збор за изборот и понудата на бои, важат некои други правила. Ова е потврдено со студија направена на 1,3 милиони возила од 2020 година, кои беа анализирани од iSeecars помеѓу август 2022 и март 2023 година.

При споредбата на цените и амортизацијата на автомобилите се земала предвид инфлацијата, а потоа се споредувале цените според бојата и типот на возилото. А резултатите се изненадувачки, пишува „Index“.

Без разлика на типот на возилото, секогаш најмногу се цени жолтата боја. Иако ретко е прв избор на купувачите при купување нови возила, жолтата боја подобро се котира на половниот пазар. По три години, автомобилот губи околу 22,5 отсто од вредноста, додека жолтите автомобили губат само 13,5 отсто.

На второ место е беж бојата со пад на вредноста од 17,8 отсто. Повторно следат егзотичните бои портокалова, зелена и црвена. Белата, сината и сивата се исто така над пазарниот просек. На другиот крај на скалата, неславното последно место ја држи златната боја. Тие автомобили по три години губат дури 25,9 отсто од вредноста.

Кај кабриолетите, просечниот пад на вредноста на возилото по три години е 25,9 отсто, но ако е жолт, тогаш падот е 15 отсто. Кај купеата просекот е 12,2 отсто, а кај жолтите само 5,6 отсто. Најголемата разлика е видлива кај теренците. Во просек губат 24,8 отсто во цената, но ако се жолти падот е само 9,1 отсто.

Треба да се каже дека студијата го опфаќа и американскиот пазар, а само изборот на боја на пазарот на половни возила стари до три години значи разлики во цените и до 5000 долари.

Слични содржини