Стотици “жолти елеци” се на улиците на 17-ти последователен викенд во Париз и во други градови , објави АП.
Тие протестираат за да ја притиснат владата да ги сменат политиките што ги сметаат за поволност за богатите.
Маршот во Париз започна во близина на Триумфалната капија и треба да заврши во луксембуршките градини каде се наоѓа Сенатот.
Жените ја водат групата, и во ист момент застапуваат еднакви права за жените. Маршевите се одржуваат и во многу други градови.
Бројот на демонстранти на улиците се намали значително во однос на тие пред неколку недели, а анкетите покажуваат намалување на поддршката поради насилство и штета што ја направија некои протести и загуби за трговците кои се затворени за да ги заштитат своите производи.