Жозе Мурињо го удри тренерот кој го испровоцира и за тоа доби смешна казна

од Milan1
30 прегледи

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо е казнет со три натпревари суспензија поради инцидентот што се случи по четвртфиналниот натпревар против Галатасарај, во кој неговиот Фенер загуби со 2:1.

Инцидентот се случил во публиката по натпреварот, кога португалскиот стручњак го повлекол за нос тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, по што Бурук театрално паднал на земја држејќи го лицето.

Галатасарај го окарактеризира тој потег како физички напад на нивниот тренер, додека Фенербахче возврати со тврдење дека Бурук се однесувал „како да бил погоден од куршум“ и го обвини тренерот на ривалскиот тим за провокативни и недолични гестови кон Мурињо пред самиот инцидент.

Дисциплинската комисија на турскиот фудбалски сојуз го оцени како провокативно однесувањето на Бурук, со што му ја намали казната на Мурињо, за што дел од турските медиуми тврдат дека е смешно и неочекувано благо!

Турската фудбалска федерација (ТФФ) ја објави одлуката за суспензија, наведувајќи дека Мурињо е казнет за „неспортско однесување“.

Забраната значи дека Мурињо ќе ги пропушти претстојните натпревари против Трабзонспор, Сиваспор и Кајзериспор. Фенербахче моментално е на второто место во поредокот на првенството, со шест бода помалку од лидерот Галатасарај, но со натпревар помалку.

Ова не е првпат Мурињо да се соочи со дисциплински мерки откако го презеде Фенербахче. На почетокот на оваа година тој беше суспендиран на четири натпревари и казнет поради критиките кон судиите по дербито со Галатасарај.

Слични содржини