Жозе со култен коментар за „најслабиот менаџер“ во историјата на Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Жозе Мурињо ги „разнесе“ социјалните мрежи со коментар во врска со поранешниот менаџер на Кристал Палас, Франк де Бур, кој помина само седум натпревари на чело на тимот порано во сезоната.
Тренерот на Манчестер Јунајтед беше лут на мислењето на Холанѓанецот дека Маркус Рашфорд имал несреќа да го има Специјалниот за менаџер.

„Маркус има само 20 години и јас сум многу задоволен од претставувањето. Дали може да игра на секој натпревар како стартер? Не, се разбира. Но тој е играч, во кој јас многу верувам и сум многу среќен од тоа што тој го прави. Прочитав еден цитат од најлошиот менаџер во историјата на Премиер лигата Франк де Бур, – 7 натпревари, 7 порази 0 постигнати гола – дека Маркус нема да научи ништо под мое раководство. Можеби под негово ќе научи како да губи“, рече Португалецот.

Слични содржини