Жртва на Ар Кели тврди: „Тој не е чудовиште, ние сме верени“

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Ар Кели и Џоселин Севиџ, една од неговите наводни жртви, се верени, според судските документи до кои дојде The New York Post.

Имено, во писмото што го испратила до сојузниот судија, Џоселин се нарекувала вереница на Роберт, барајќи Кели да добие полесна казна за повеќегодишна сексуална злоупотреба на жени и малолетни девојчиња и момчиња.

„Го пишувам ова писмо во знак на поддршка на Роберт пред да биде изречена пресудата, сакам да му објаснам на судот дека не сум жртва како што ме претставија. Ар Кели е неверојатна личност, а не чудовиште. Ние сме многу вљубени и моето срце се крши поради оваа измислена приказна во која јас сум жртва. Јас сум возрасна жена и можам да зборувам за себе, затоа сакав судот да го добие ова писмо. Роберт е одличен човек, тој има големо срце и заслужува да биде дома со своите најблиски подготвени да го поддржат“, напиша Џоселин.

Нејзините родители јавно ја молеле нивната ќерка да го остави музичарот. Нивниот адвокат во изјава за ТМЗ изјави дека не биле свесни за нејзината веридба бидејќи Џоселин никогаш порано не спомнала дека ќе се мажи за Ар Кели.

Слични содржини