Жртва на немирите во Куба, била дел од групата која нападнала владин објект

од Stefanija Kuzmanovska
377 прегледи

Кубанските власти потврдија дека еден човек е убиен за време на немирите во оваа земја, и ова е прва жртва од почетокот на антивладините протести.

Државните медиуми објавија дека Диабус Лоренсио Техеда (36) бил убиен во предградијата на Хавана.

Официјални лица велат дека тој бил дел од групата која нападнала владин објект, а очевидци тврдат дека припадници на безбедносните сили биле насочени кон луѓе од таа група, објави Би-Би-Си.

Протестите против владата започнаа во недела на 11 јули.

Илјадници луѓе излегоа на улиците поради економскиот колапс, недостиг на храна и лекови, зголемувањето на цените и начинот на кој властите се справуваат со пандемијата. Ваквите неовластени собири се нелегални во Куба.

Претседателот Мигел Дијаз-Канел рече дека демонстрантите се „контрареволуционери“.

Неговата администрација тврди дека протестите се финансирани и охрабрени од Соединетите држави, а економските проблеми на Куба се последица на американските санкции.

Слични содржини