Зибери: Законот за легализација на дивоградби предизвика дополнителна вознемиреност кај граѓаните

од Andreja Salpe
400 прегледи

Народниот правобранител на Република Северна Македонија, Насер Зибери во своето гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија истакна дека последното дополнување на Законот за легализација на дивоградби предизвика дополнителна вознемиреност кај граѓаните.

– Самиот наслов на Законот за легализација на дивоградби зборува за контрадикторноста што ја носи содржината на законот. Насловот на законот е утврдување на правниот статус на бесправно изградени објекти. Нешто што е бесправно изградено, вие сакате да му дадете правен статус, односно да го легализирате. За волја на вистината, сличен Закон ние имавме од 2012 година, со кој се предвидуваше легализација на сите нелегално изградено објекти до 2011 година. Истиот Закон во неколку наврати беше изменет само во деловите каде што се предвидуваше рокот за барање на леглизација. Но, последното дополнување на овој Закон предизвика дополнителна вознемиреност кај граѓаните, бидејќи ги надминуваат рамките за кои претходно стануваше збор. Законот ја проширува палетата на објектите кои можат сега да се легализираат, освен објектите за индивидуална станбена градба, оди понатаму и овозможува легализација на објектите од земјоделски карактер. Мој впечаток е дека не се води сметка и нема никаков критериум. Законот прави само еден исклучок, а тоа е крајбрежјето на охридското езеро, истакна Зибери

Слични содржини