Зидан и Почетино нема да дојдат во Јунајтед, смета Анри

од Vladimir Zorba

Шпекулациите за можен нов менаџер на Манчестер Јунајтед во последните денови не престануваат. Зинедин Зидан се поврзуваше како една од главните опции, а последните денови медиумите на островот го посочуваа и Маурисио Почетино за жешкот столче.

Сепак, легендата на Арсенал, Тиери Анри не мисли дека ниту еден од нив ќе заврши на „Олд Трафорд“ во блиска иднина.

„Зидан во Јунајтед? Мислам дека не е заинтересиран за оваа работа во моментов. Зошто? Затоа што мислам дека ја чека работата во репрезентацијата. Оваа мисла ми се врти во главата. Мислам дека ниту Почетино нема да оди во Манчестер Јунајтед, но ако оди, тогаш работата ќе биде слободна за Зидан. Но, не мислам дека Почетино сега ќе оди во Манчестер Јунајтед. Кога тренирате клуб како ПСЖ, сакате да видите што ќе се случи. Ако сега замине на „Олд Трафорд“, ќе се соочи со нова дилема како да го балансира тимот. Што е сега проблем во Париз. Да, тие победуваат, но играта не се одвива така мазно како што очекуваат луѓето. Но, мислам дека нема да оди во Јунајтед“, изјави Анри.

Слични содржини