Зидан: Треба да ги промениме резултатите, а критики секогаш ќе има

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид не ја започна сезоната во Ла Лига според желбите на нивните навивачи, но тренерот Зинедин Зидан е оптимист. „Белите“ забележаа само една победа во три кола и се на петтото место во пласманот.

„Критиките кон нас нема да се променат. Сепак, од нас се бара да ги промениме резултатите во натпреварите“, рече менторот.

Во сабота, Реал го пречекува Леванте, означувајќи го почетокот на серијата од 7 натпревари за 21 ден, вклучувајќи ги и оние во Лигата на шампионите.

„Секогаш е тешко во оваа фаза од годината да се подготвиме за првиот натпревар по натпреварите во националните тимови“, продолжи Зизу.

„Имаме играчи кои ќе направат само една тренинг сесија пред судирот. И, генерално имаме проблеми со повреди. Но, сепак располагамсо најкласа фудбалери на светот и ќе сметам на сите нив. Тоа е мојата филозофија. Многу дуели претстојат и секој ќе ја добие својата шанса затоа што верувам во сите. Јасно е дека изгубивме бодови, но сезоната е на самиот почеток. Ќе дадеме се од себе за да собереме повеќе бодови“.

Зидан повторно изрази задоволство од останувањето на Герет Бејл. Покрај тоа, тренерот најави дека Еден Азар ќе игра против Леванте. Белгиецот беше аут за три недели поради повреда.

Францускиот стратег посвети посебно внимание на младиот Бразилец Виничиус Жуниор, кој импресионираше минатата сезона.

„Винисиус има тренер кој верува во него. Зборувам за мене. Тој е иднината на Реал, но за сето тоа е потребно време. Јас тотално му верувам, но ќе има моменти кога тој нема да игра“, заврши Зизу.

Слични содржини