Зидан во судир со управата на Реал поради неговиот син

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е во судир со челниците на кралскиот клуб поради несогласување околу ангажманот на неговиот син Лука.

Шпанскиот весник „Марка“ наведува дека францускиот стратег сака неговиот син да биде замена на првиот голман Тибо Куртоа. Но, со ваквите планови не се согласува управата на „кралевите“ кои сметаат дека Украинецот Андриј Луњин е подобра опција.

Промените во голот на Реал Мадрид започнаа откако челниците одлучија дека Костариканецот Кејлор Навас не е во плановите за следната сезона.

Инаку, Лука Зидан, оваа сезона дебитираше во првиот тим на Реал во март годинава во победата на „кралевите“ против Хуеска со резултат 3:2.

Слични содржини