Откако беа објавени разговорите од прислушувањето, на сите им стана јасно дека Груевски, Ахмети и Тачи функционираат како совршена тројка, порача инициjаторот на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села, информира Нова.
– Кога го почнавме овој пат, некој беше скептичен, но ние почнавме со убеденост и чисти идеи. Ова е нашиот мотив, кој го правиме во име на нашите внуци и деца. Пред една година кога рековме дека функционира на совршен начин тројката Никола Груевски, Али Ахмети и Мендух Тачи, можеби многу луѓе не ни веруваа, но сега со прислушувањето, многу јасно се гледа како работеле – вели Села.
