254
Во своето гостување во 24 анализа, новинарот Љупчо Зиков посочи дека политичката битка треба да се води во рамки на парламентот, и сосема се легитимни и протестите и побуните кога се чувствува потреба за тоа.
Исто така, тој посочи и дека резултатите покажале кому повеќе му верувале на предвремените избори минатата година, и не гледа причина за нови, споени со локалните избори предвидени за оваа година.
„Јас како човек не сакам политиката да ни носи неред. Што прави Владата и дали греши, ќе се почувствува на следните избори. Ако сметате дека барањето предвремени избори ќе и донесе рејтинг на партијата, грешите. Граѓаните бараат конкретни проекти и идеји. Рингот за политичката борба е во парламентот“, истакна Зиков.