Зимница од рерна: пиперки со лук

од desk4
846 прегледи

Ќе уживате во најубавиот вкус на печени пиперки.


СОСТОЈКИ
– 5 кг пиперки
– 5 лажици шеќер
– 1 лажица морска сол
– 1 главица лук
– 100 мл масло

– листови од целер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семки. Потоа исцепкајте ги крупно и оставете да се цедат во цедилка најмалку еден час или преку ноќ.
Во длабок сад ставете го маслото, додајте ги пиперките и сол. Ставете да се пече околу еден час, а пред крај додајте го оцетот, целерот и крупно сечканиот лук. Соберете ги во стерилизирани тегли и добро затворете со капаци. Теглите ставете ги во рерна на 90 степени 90 минути. Исклучете ја рерната и оставете да стојат до следниот ден.

Слични содржини