Зинченко: Ако мe повикаат, ќе одам во војна

од Симе Стоиков
158 прегледи

Фудбалерот на Арсенал, Украинецот Олександр Зинченко (27) нема дилеми дали би земал пушка доколку биде повикан да ја брани својата земја.

Зинченко во интервју за „Би-Би-Си Њузнајт“ меѓу другото зборуваше и за одлуката на претседателот на Украина Володимир Зеленски да ја намали старосната граница за регрутирање војници од 27 на 25 години.

Тој вели дека не би се двоумел доколку биде повикан да се бори за својата земја.

„Ако би бил повикан да се борам, дали би одговорил? Одговорот е јасен, би одел во војна. Знам дека многу луѓе мислат дека ми е полесно овде во Лондон отколку да сум во Украина. Навистина се надевам дека војната наскоро ќе заврши“, изјави момчето родено во Радомишљ.

Многу негови соученици се на фронтот, тешко му е да замисли дека до вчера сите биле на училиште, играле …

„Тешко ми е да разберам дека не толку одамна сите бевме на училиште, во исто училиште, игравме на улица, игравме фудбал, а сега треба да ја бранат земјата. Но, така е. Тешко е да се разбере, но не смееме да се откажеме“.

Во интервју за Би-Би-Си, Зинченко откри дека донирал повеќе од милион фунти за да им помогне на своите сонародници.

„Ситуацијата во мојата земја е многу тешка и сите сме горди на претседателот. Не би можел да бидам повеќе горд на себе што сум Украинец отколку што сум сега“, рече Зинченко.

На крајот испрати силна порака за сите Украинци.

Слични содржини