Зинедин Зидан на прагот да го преземе Баерн Минхен

од Симе Стоиков
174 прегледи

Баерн Минхен загуби една од главните опции за тренер, бидејќи Јулијан Нагелсман го продолжи договорот со германската репрезентација до 2026 година.

Сепак, Баварците се свртеа кон нова опција, Зинедин Зидан. Како што пренесува Mundo deportivo, Баварците се во завршна фаза од преговорите со легендарниот француски репрезентативец.

Да потсетиме дека Зидан го водеше Реал Мадрид во два различни периоди и со кралскиот клуб освои три титули во Лигата на шампионите и две титули во шпанската лига.

Откако го напушти Реал на крајот од сезоната 2020/21, Зидан не работеше никаде. Имаше желба да ја преземе француската репрезентација, но Дидие Дешам имаше успех на клупата на „галските петли“ и му беше продолжен договорот, па Зидан мораше да се сврти кон клупскиот фудбал.

Слични содржини