Златан: Коронавирусот има храброст да ме предизвика, но тоа му е лоша идеја

од Nikola Popovski

Коронавирусот не го заобиколи ниту Златан Ибрахимовиќ, кој бил позитивен на Ковид-19 во четвртокот.

Оваа информација ја објави неговиот клуб Милан, а подоцна и самиот Швеѓанец се огласи.

Во пресрет на мечот против Бодо/Глимт, кој ќе го пропушти Ибрахимовиќ, тој на својот профил на Твитер напишал:

„Вчера бев негативен, денес сум позитивен. Немам никакви симптоми. Ковид-19 имаше храброст да ме предизвика. Тоа е лоша идеја“, објавил Златан.

Се проценува дека Ибрахимовиќ ќе биде десет дена во карантин, што значи ќе пропушти два или три натпревари во Серија А.

Покрај него, во Милан позитивен е и Лео Дуарте.

Слични содржини