Преку поскапувањето на струјата, се осиромашува народот кој и онака едвај врзува крај со крај, протестите се нелегитимни и им пречат на партиите на власт За оваа тема е важана да се каже дека во јули годинава ЕЛЕМ го продала вишокот електрична енергија на странските пазари, ние продаваме, а во исто време и ја покачувам цената,вели новинарот Љупчо Златев во своето гостување во емисијата Само Висина.
-Протестите се организираат за да се разниша мнозинството кое е тенко на Зоран Заев, со ова ВМРО се обидува на власата да не им даде мир ,што сметам дека е добро за еден почеток, бидејќи под притисок секогаш се работи подобро.Протестите за намалување на цената на струјата не смее да се гледа како национализам, туку како борба за правата на граѓаните и намалување на енормната цена на струјата, изјави Златев.