256
Новинарот Љупчо Златев, во 24 Анализа вели дека не виделе ниту еден челн во Инцијативниот одбор за смена на Мицкоски да доаѓа од високата политика.
-За да ја започнеме анализата треба да одговориме на три прашања.Прво кој ја подига оваа иницијатива? на кому најмногу му одговара ? и која е структурата која стои зад ова?Она што јавно го гледаме иницијативата е составена од поранешни челнови, но не видовме високи функционери еден од највисоките е Ивица Коневски, изјави Златев.
Тој истакна дека ова раководство на партијата ВМРО-ДПМНЕ покажа прозападна, проевропска и пронато агенда, а оние кои сакаат да ги срушат имаат отворено антинато и антиевропски ставови.