Проширување на капацитетот на детска градинка и нова пречистителна станица за решавање на проблемот со отпадните води во Ново Лисиче, најави Златко Марин, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ.

Миризбата која се чуствува од реката и претесната градинка долги години ги мачат граѓаните и тие ќе бидат приоритет во програмата, а Марин ветува и нов пазар, замена на старите дотраени азбестни кровови и проширување на булеварот „АСНОМ“.
Во програмата на Марин е предвиден и пакет за миленици кој е барање на граѓаните, но и нов општиннски стационар со кој конечно ќе почне да се решава проблемот со уличните кучиња.
Во соработка со Град Скопје и централната власт, Марин ветува решавање на проблемот со загадувањето, кој во овој дел од населбата е особено изразен, а воздухот речиси отровен во зимските периоди.
Марин ја критикува локалната власт дека со години не се посветуваше на горливите проблеми туку се фокусираше само на нови градби и згради кои дополнително го влошија квалитетот на животот во општина Аеродром.