4,K
Американскиот режисер Шон Бејкер вечерва ја доби Златната палма, главната награда на 77. Меѓународен филмски фестивал во Кан, за филмот „Анора“.
Станува збор за трилер кој се одвива во сиромашните населби на Њујорк и луксузните куќи на руските олигарси.
На фестивалот, филмот беше оценет дека ја оживува американската независна кинематографија.
„Овој филм е величенствен, полн со хуманост… Ни ги крши срцата“, рече претседателката на жирито Грета Гервиг, режисерка на блокбастерот „Барби“.
Годинава во конкуренција за Златна палма имаше 22 продукции, меѓу кои „Мегалополис“ на познатиот режисер Френсис Форд Копола и „Емилија Перес“ на режисерот Жак Аудиар.