Овогодинешните доделувања на 77 Златни глобуси помина неочекувано за бројните номинирани актерки, но и филмови кои имавме можност да ги гледаме на малите екрани.
Наградата за најдобар филм во категоријата драма ја доби воениот режисер Сем МЕндес, додека во категоријата комедија/мјузикл победата ја однесе деветиот филм на Квинтен Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“.
Овој филм му донесе и награда на актерот Бред Пит, кој е прогласен за најдобар актер во споредна улога.
Титулата најдобра актерка во категоријата драма и припадна на Рене Зелвегер за улогата на Џуди Гарланд во филмот „Џуди“, додека во истата категорија титулата најдобар актер му припадна на Жоакин Феникс за контроверзниот „Џокер“. Феникс до сега три пати бил номиниран за престижната награда но никогаш не ја освоил. Додека ја преземаше наградата Феникс ја нагласи важноста на климатските промени и како ѕвездите не би требало да користат приватни авиони.
Џокер, кој досега заработи мегаломански 950 милиони долари и е прогласен за најпрофитабилен филм настанат по стрип, исто така освои награда за најдобра оригинална музика.
Американската актерка Авквафина е првата азијаткиња која во историјата освоила награда за најдобра актерка во комедијата „The Farewell“, а велшкиот актер Тарон Егертон ја собра наградата во истата категорија за улогата на Елтон Џон во филмот „Rocketman“.
Нетфликс имаше дури 17 номинации, а мини драмата „Чернобил“ освои награда во категоријата најдобри лимитирани телевизиски серии.
Најдобрата актерка која во 2019 година имавме прилика да ја гледаме на малите екрани е британската актерка Оливија Колман за серијата „Круна“.
Најдобар режисер е МЕндес за горе споменатиот филм, додека серијата Fleabeg е прогласена за најдобра серија во категоријата комедија/мјузикл. Актерот Расел Кроу ја освои наградата за најдобра изведба во категоријата лимитирани серии, а корејскиот трилер „Паразит“ ја освои наградата за најдобар филм во категоријата најдбар странски филм.
Овогодинешниот Златен глобус за животно дело го доби Том Хенкс за големи достигнувања во филмскиот свет во кој е познат и како филмски продуцент, а не само како актер.