Цената на прачките ja одразува пазарната вредност на златото.

Британските пензионери ќе можат да инвестираат во злато, нивните прачки ќе се чуваат од Кралскиот монетрарен двор. Инвеститорите кои управуваат со пензиските планови самостојно ќе можат да купуваат прачки со тежина од 1 кг. и за 100 година, соопштува “Фајненшл тајмс”. Даночната и царинска администрација на Нејзиното височество за прв пат дозволи да се продаваат златни прачки на пензионери, раскажа началникот на одделот за благородни метали на Кралскиот монетарен двор Крис Хауард. Цената на прачките ја одразува пазарната вредност на златото. На пример, кг злзато во прачки чини 28 000 фунти / 40 750 долари /. Есента 2014 година Кралскиот монетарен двор почна да тргува со монети и прачки онлајн. Но пензионерите не можеа да инвестираат во монети и прачки Нивното злато ќе се наоѓа во складиштето на монетарниот двор што се чува од претставници на Министерството за одбрана.
Кралскиот монетареб двор е лоциран во гратче во Велс. За една година инвеститорите ќе треба да платат за чување му 1% од неговата вредност плус ДДВ / вкупно 1,2% /. “Во оваа година повторно се појави интерес за златото, бидејќи инвеститорите се исплашени од политиката на централните банки, според која каматата стануваат негативни”, забележува Џејсон Холандс од Tilney Bestinvest. 
За време на кризата во 2015 година во Грција, кога одеа гласините дека земјата може да излезе од еврозоната и да ја врати драхмата, Грците ги земаа парите од банките и ги претвараа во злато. Тоа беше забележано од Кралскиот монетарен двор , изјави началникот на неговиот оддел за продажба на прачки Лиза Елурд. “Обично продажбата се зголемува во периоди на политичка и финансиска нестабилност”, додаде таа, цитирана од “Блумберг”. Но златото е прилично само предност. Во периодот од 2000 до 2011 година унци поскапе од 287 до 1921 долари, но во 2013 година нагло поевтини за 28%. Дани Кокс од Hargreaves Lansdown предупредува дека инвестициите во благородни метали не е задолжително да ни донесат профит. “Фер цена на златото тешко може да биде прифатена, сезонски фактор влијае врз неа”, рече тој. Кокс советува да инвестираме во злато не повеќе од 5% од паричникот и забележува дека има лесни и евтини начини да се инвестира во него, но секако на прво место во берзански фондови.