ЗЛАТОТО РУШИ РЕКОРДИ: Вредноста на унца надмина 2,300 долари

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Вредноста на унца злато оваа недела достигна рекордни 2,324 американски долари.

За нешто повеќе од три месеци од годинава златото поскапе исто како и цела минатата година – 13 отсто.

Централните банки се многу активни на куповната страна. На пример, Народната банка на Кина минатата година купила 225 тони злато, што моментално вреди 18 милијарди долари, пишува SEEbiz.

Сепак, се повеќе злато купуваат шпекуланти. Тие значително се смирија кај биткоинот, каде сè уште се под лупа приливите и одливите во новоформираните американски ЕТФ по спот цена на биткоин.

Извршниот директор на најголемиот светски менаџер на средства, BlackRock, Лери Финк, изјави дека нивниот ЕТФ (IBIT) ги соборил сите рекорди за брзината на приливот на пари во него. Сега во овој фонд има околу 245 илјади биткоини.

Слични содржини