Златото се „лизна“ од рекордно високо ниво

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Цените на златото паднаа за 0,4 отсто од рекордно високо ниво од 3.245,42 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги ослободи паметните телефони и компјутерите од реципрочни царини.

Цената на златото денес е 3.223,12 долари за унца, а Goldman Sachs останува меѓу најоптимистичните големи банки кога станува збор за цената на овој благороден метал, пренесе Ројтерс.

Наведувајќи ја поголемата побарувачка од централните банки и зголемените ризици од рецесија, Goldman Sachs предвидува дека златото ќе вреди 3.700 долари до крајот на 2025 година.

Американскиот долар падна на најниско ниво во последните три години во однос на другите валути, со што златните прачки деноминирани во долари поевтинија за странските купувачи.

Движењата на цените на другите благородни метали покажуваат дека вредноста на среброто порасна за 0,3 отсто на 32,35 долари за унца, цената на платината се зголеми за 0,9 отсто на 951,46 долари, додека вредноста на паладиумот е повисока за 1,7 отсто и изнесува 931,43 долари, пренесе „24Sedam“.

Слични содржини