Знаци кои укажуваат дека вашето тело е полно со токсини, како да ги отстраните

од Milan1
290 прегледи

Токсините се акумулираат во телото од храната и пијалоците што ги консумираме, но и преку кожата и воздухот што го дишеме. Кога таа количина ќе стане премногу, телото страда. Во тој момент потребно е да се исчисти телото.  Луѓето кои имаат вишок на токсини во телото ги чувствуваат мирисите посилно бидејќи нивните сетила се поакутни.

Ова се симптоми дека вашето тело е полно со токсини и вика за чистење:

Се чувствувате сити и надуени

Ако телото не може правилно да го исфрли отпадот, се јавуваат проблеми. Празнењето на дебелото црево треба да се случува најмалку еднаш дневно. Имено, доколку отпадните материи не го напуштат телото, може да се вратат во крвотокот и да направат проблеми. Надуеноста е најчест симптом на премногу отров во организмот, особено ако тоа трае долго.

Не можете да спиете правилно

Тешко ви е да заспиете или често се будите навечер, па следниот ден сте уморни.

Имате лош здив

Кога цревата и црниот дроб не можат правилно да се ослободат од отровите, тогаш може да има и непријатен мирис од устата бидејќи бактериите се таложат на јазикот.

Јазикот ја смени бојата

Таа стана белузлава или жолтеникава, што се должи на таложење на бактерии.

Како да ги отстраните токсините од телото?

Сауната е одличен избор бидејќи добрата пот ги исфрла токсините од телото. А постот е еден од начините да си го олесните телото и да му дадете можност малку да се одмори.

Идеално би било да постите еднаш неделно, а потоа да не внесувате ништо во телото освен вода. Постот завршува на вториот ден наутро со пиење свеж сок од овошје или зеленчук. Подоцна истиот ден се јаде лесна супа, а навечер варен зеленчук.

Јадењето одредена храна исто така помага. Тоа се намирници кои ги врзуваат токсините за себе и на тој начин помагаат да се исфрлат од телото. Тоа се коријандер, брокула, алги… За коријандерот се вели дека е меѓу најдобрите средства за чистење на телото од отрови и тешки метали. Додадете го на речиси се што ќе подготвите, пишува Крстарица.

Слични содржини