Знаете ли дека…85% од дамите носат градник со погрешна големина

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Знаете ли дека само 42% од жените и 25% од мажите ги мијат рацете по користење на јавен тоалет? А, дека Атлантскиот Океан е посолен од Тихиот? Денес во рубриката  “Знаете ли дека…?” 53f93e55579afbb94bdfc2393c419808

Споделуваме некои интересни факти за светот кој нè опкружува.

Знаете ли дека жабите не можат да голтаат со отворени очи?

Бувовите не можат да ги движат очите, затоаја  вртат главата кога треба да погледнат некаде.

Првиот дизајн на олимпиското знаме е создаден во 1913 година.

Змиите можат да гризат смртоносно, но не можат да трепкаат.

Знаете ли дека Сицилија е најголемиот остров во Средоземното Море?

Бразил покрива 50% од континентот Јужна Америка.

Дали ви се допаѓа да играте одбојка? Тогаш треба да знаете дека овој спорт бил создаден во далечната 1895 година.

Знаете ли дека арктичкиот (Северен Леден) е најмалиот Океан?

Дали имате куче за милениче? А, знаете ли дека обично кучињата од поголемите раси живеат подолго?

Жените сакаат да купуваат долна облека. Според истражувањето 85% од дамите носат погрешна големина на градник.

Дијаметарот на Јупитер е 152 800 км, а на Земјата е 12 756 километри.

Ако сакате да си приготвите инстантно кафе, веројатно не знаете дека тоа е создадено во 1901 година.

Млекото носи многу придобивки за здравјето, особено ако доаѓа од среќни крави. Докажано е дека кравите даваат повеќе млеко кога слушаат пријатна музика.

Дали знаете дека зелениот чај има 50% повеќе витамин Ц од црниот?

Зрната кафе обично се печат при температура помеѓу 204 и 218 степени.