Знаете ли дека… Леонардо ди Каприо има приватен остров на Белизе?

од Vladimir Zorba
97 прегледи

По шест номинации за “Оскар”, Леонардо ди Каприо заслужено ja доби златната статуетка. Денес темата во полето “Знаете ли дека …?” e посветена на актерот. Еве што уште треба да знаете за него.eadf723a36c10e9f696ae626a229664cЛеонардо ди Каприо е роден на 11 ноември 1974 година во Лос Анџелес, тој е единствено дете.
Неговото полно име е Леонардо Вилхелм ди Каприо.

Бидејќи никогаш не употребувал дрога, за улогата во филмот “Волкот од Волстрит” требало да се сретне со експерт за дрога, кој ќе му разјасни повеќе за тоа што се случува во човечкото тело, кога ќе прими дрога.

(ВИДЕО) Леонардо ди Каприо „се скраси“ и го посвети Оскарот на Планетата Земја

Тој бил крстен по уметникот Леонардо да Винчи. Идејата за името се родила во многу посебен момент. Неговата мајка била во музеј и додека гледала слика на уметникот, почувствувала за првпат како бебето ја клоцнало. Тогаш одлучила дека тоа ќе се вика Леонардо.

Уште додека учи во основното училиште Ди Каприо посетувал летни курсеви по уметност.
Родителите му се разведуваат, кога тој се уште е мал.579939aa01a71c98d980245574284dae

Неговиот татко е половина Италијанец, половина Германец, а мајка му е од Германско потекло.

Во 1998 година “People Magazine” го става на листата “50-те најубави луѓе во светот”.

За време на претседателските избори во 2008 година, Леонардо даде 2800 долари за кампањата на Барак Обама. Ова е максималната сума која едно лице може да ја донира за време на кампањата.

Знаете ли дека… Џек Николсон имал најмногу номинации за Оскар?

Еден од најблиските пријатели на актерот е Марк Волберг.

Омилениот режисер на Леонардо ди Каприо е Мартин Скорсезе. Тој се снимал во пет негови филма – “Gangs of New York”, “The Aviator”, “The Departed”, “Shutter Island” и “The Wolf of Wall Street”.

Во 1990 година се појавува на телевизискиот екран, учествувајќи во серијата “Parenthood”.

Во 1994 година Американската филмска академија го номинира за споредна машка улога за неговото учество во филмот “What’s Eating Gilbert Grape”.

Актерот зборува слободно германски јазик.a40ebb2f6c8f012f3c341c4e698f5141

Во 2006 година за време на експедиција по нуркање во Кејптаун, Јужна Африка, Лео бил нападнат од бела ајкула.

Тој е познат како еколог и вози хибриден автомобил.

Во 2010 година актерот донира 1 милион долари за спасување на тигрите.

Леонардо ди Каприо е сопственик на приватен остров на брегот на Белизе и планира да го пртевори ова место во еколошки чисто одморалиште.