Знаете ли дека… Првите кондоми се направени од црева?

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Запознајте се со неколку интересни факти за најпопуларниот метод за контрацепција и заштита од сексуално преносливи болести:261da2dbaedb993f8129f17fc99521c8

Според историските извори првите кондоми се појавиле пред околу 12 000 години. Најстариот сочуван кондом е откриен во пештера во Лунд, Шведска. За него се смета дека датира од 1640 година и е направен од свинско црево. Исто така е придружен со инструкции за употреба, како за да се избегне ризикот од пренесување на полови болести, се препорачува да се мие претходно во топло млеко.

Првите кондоми за еднократна употреба се појавија во 19-тиот век.

Во 15 век во Јапонија и Кина кондомите кои се користеле, но не го опфаќале целиот пенис. На врвот на пенисот се ставала подмачкана свилена хартија.

Еден кондом може да собере околу 4 литри течност.

На крајот на 19-тиот век, германската армија ја спроведува првата масовна кампања за промоција на употребата на кондоми. Набргу потоа, во 20 век, американските вооружени сили го следеле германскиот пример.

Кондомите го прават сексот 10 000 пати побезбеден. Кина го држи светскиот рекорд за создавањето на најголемиот кондом.

Приказната раскажува дека легендарниот љубовник Казанова бил еден од редовните корисници на кондоми.

За време на прославата на Светскиот ден на населението во 2003 година, во Кина беше направен кондом со импресивни димензии 80 метри на 100 метри.

Кондомите се најевтиниот метод за контрола на раѓањето.

Сите знаеме дека кондомите го намалуваат ризикот од сексуално преносливи болести. Но, според една неодамнешна студија, употребата помага за одржување на добри нивоа на корисните вагинални бактерии.

Во 16 век кондомите во Европа биле направени од лен.

Околу 99% од кондомите се направени од латекс. Останатите се направени од јагнешки црева.

Мажите купуваат повеќе кондоми во споредба со жените.

Два кондома не се подобро решение од еден. Може да ви се чини чудно, но постојат мажи кои сметаат дека поставувајќи два кондома еден врз друг, го намалуваат ризикот од сексуално преносливи болести. Всушност тоа го зголемува ризикот од кинење на кондоми.