На крајот на работниот ден, на празници, во различни прилики или при љубовна мака тој речиси секогаш е присутен околу нас. Алкохолот, она задоволство што брзо се претвора во лоша навика со деструктивни последици. Што не знаеме за него? Денес во рубриката на “Знаете ли дека …?” споделуваме некои помалку познати факти.
Производството на алкохол почнало пред околу 12.000 години.
Фридрих Велики, кој бил цар на Прусија, толку се вљубил во алкохолот,што се обидел да го забрани кафето, во обид да се натераат сите во Прусија да консумираат алкохол, наместо кофеинскиот пијалок.
Се смета дека мајката на Винстон Черчил е креаторот на коктелот Менхетн. Тој се подготвува со виски и сладок вермут.
75% од езофагеалниот рак се должи на прекумерна консумација на алкохол.
Многу историчари сметаат дека земјоделството не е започнато со цел да се обезбеди храна.
Според овие историчари, земјоделците најверојатно произведувале производи и учествувале во трговија, за да можат да се обезбедат потребните состојки за производство на алкохолни пијалоци.
Кога жените консумираат алкохол, тој влегува во крвотокот побрзо, но се метаболизира побавно, за разлика од метаболизмот кај мажите.
Според некој истражувања за жените кои почнале до почитуваат диети во рана тинејџерска возраст е многу поверојатно во подоцнежна фаза од животот да го злоупотребуваат алкохол.
Алкохолот и дрогата придонесуваат за над 50 отсто од сите самоубиства и над 50 отсто од сите тешки злосторства.
При над 50% од сите сообраќајни несреќи е утврдена употреба на дрога или алкохол.
Една третина од самоубиствата се поврзани со злоупотреба на алкохол.
Прекумерното пиење може да ја намали количината на тестостерон во телото и да предизвика импотенција.
Бремените жени кои пијат, го зголемуваат ризикот од појава кај фетусот на алкохолен синдром.
Речиси 50% од случаите на рак на устата, фаринксот и гркланот се поврзани со прекумерната консумација на алкохол.
Хроничната употреба на алкохол е поврзана со 10% зголемување на ризикот од рак на дојка кај жените.