Затоа што така собираме информации. Плунката содржи многу информации за партнерот, тврдат научниците, па бакнувањето воедно е и потсвесно тестирање на партнерот.
Тоа буди емоции и го намалува нивото на стресот. Изгледа дека бакнувањето во дамнешното минато не било знак на страст и романтика, туку чиста потреба за преживување. Некои еволуциски психолози сметаат дека таа навика всушност се развила од делењето на храната од една уста на друга. Нешто како што птиците ги хранат своите потомци и многу примати- ќе ја соџвакаат храната па ќе ја пикнат во уста на своите младенчиња.
Тоа некогаш и нашите претци го правеле, а веројатно таа навика се задржала до денес во ретките племиња кои живеат далеку од цивилизацијата. Не секогаш имало готови кашички па жените сами ја џвакале храната за да ја иситнат и дадат на своето бебе. Слично е и кога ќе погледнеме длабока поврзаност , дури опсесија на мажите за женските гради. И тоа доаѓа од хранењето и чувството на блискост па сигурноста која ја чувствувале кога биле бебиња. Кога ќе порастат, градите асоцираат на сите тие прекрасни чувства. Така било и со бакнувањето. Престанало да означува хранење и блискост, а станало нешто без што повеќето луѓе не можат да живеат. Бакнувањето буди емоции и го намалува нивото на стрес. Нивото на кортизол се намалува, а окситоцин се зголемува. Кортизол е хормон на среќата, а окситоцин хормон на љубовта.
Плунката содржи бројни информации, тврдат научниците, па бакнувањето е и потсвесно тестирање на партнерот. Клучна улога во тоа имаат феромоните- мирисите кои ги излачуваат нашите тела, а кои можат да развијат силна привлечност помеѓу мажот и жената. Студиите покажуваат дека хемикалиите кои ги испуштаме играат улога во тоа дали ќе му бидеме некому привлечни или не. Направено е и истражување во кое на жените им се дадени маици кои ги носеле за нив непознати мажи. Морале добро да ги помирисаат и по мирисот на маицата да одберат еден маж кој им се чини најпривлечен. Речиси сите го избрале оној кој ималнајразличен генетски код од нив самите. Така потсвесно всушност го избрале таткото на своите идни деца кој е најсовршен.
Имено, познато е дека децата се поздрави ако генетскиот код на родителите е различен. Истражувачите откриле дека мажите и жените различно го доживуваат бакнувањето. Во фазата на удварањето , повеќето жени нема да се согласат на секс ако пред тоа не се бакнувале со партнерот. На мажите бакнежите не им се пресудни за секс. Исто така, мажите се тие кои прво почнуваат со францускиот бакнеж.Претпоставуваат дека тоа го прават затоа што плунката содржи машки полов хормон тестостерон па преку плунката се обидуваат да дознаат колкаво е нивото на естроген (женскиот полов хормон) кај партнерката.
С.В.