Во овие тешки моменти на болка и тага Движењето ЗНАМ за наша Македонија изразува длабоко сочуство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани.
„Нашите мисли и молитви се со оние што ги загубија своите сакани и на семејствата на несреќно загинатите им посакуваме да ја издржат оваа незамислива загуба, а на повредените брзо закрепнување.
Во овие тешки моменти потребна е сплотеност, обединетост и взаемна солидарност на сите нас.
Ги повикуваме надлежните институции да ја завршат својата работа брзо, ефикасно и праведно.
Движењето ЗНАМ за наша Македонија инсистира сите надлежни органи и институции да се вклучат во брзо расчистување на оваа трагедија и сите одговорни и сторители да бидат изведени пред лицето на правдата.
Одговорност за сите виновни мора да има!
Нека почиваат во мир овие невини млади души“, велат од ЗНАМ.