ЗНАМ со реакција до Апасиев: Средствата за рекламирање за изборите се распределени по упатство на АВМУ, се е транспарентно

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Средствата за рекламирање за претстојните локални избори се распределени по упатството на АВМУ и насоките на ДИК. Се е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари. Точка, се во реакцијата на ЗНАМ на изјавата на Димитар Апасиев од Левица.

,,Нема простор за плачење и театар.

Апасиев, „револуционер“ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, денес држи лекции за правда.

Човек кој до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО – институција чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по принципот кога сакам – вадам, кога сакам – трошам.

Му порачуваме: Димитар Апасиев, пред да држиш лекции за правда, заврзи си го џебот – таму ти е единствената „револуција“, во парите што ги вадиш за себе и за дружината околу тебе.

Оди кај Венко Филипче, човекот со златна виза подготвен за бегство од државата и мераклија за јахти по Медитеранот.

Ти и тој сте совршен тандем, еден краде од здравството, друг краде од сопствената партија.

И двајцата на крајот ќе завршите на поклон и баци рака кај вашиот газда Али Ахмети, таму каде што секогаш завршуваат продадените души. Народот гледа. И знае” , додаваат оттаму.