ЗНМ бара брза реакција од МВР и ЈО за ескплицитните закани по животот на новинарите

од Берта Китинска
269 прегледи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро реагира на јавно искажаните закани по животот како и омаловажувања искажани на профилот на социјалните мрежи на лицето Арбен Есати и ги повикува Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) итно да постапат со цел да не се доведат нашите колеги во безбедносен ризик.

-На социјална мрежа „фејсбук“, личност со профил именуван како Арбен Есати неодамна објави заканувачки текст проследен со вулгарни зборови кон медиумите: БЕЗ ЦЕНЗУРА, ТВ 21, ГАЗЕТА ЕКСПРЕС, ТЕТОВА СОТ, КОХА ТВ, КОХА ЊУЗ, КУМАНОВА СОТ, ТВ ШЕЊА, ЛАЈМИ ПРЕС. Тој во својата објава јавно се заканува на новинари кои работат во овие медиуми со зборовите: „Ќе ви ги сечам прстите“, „Јас работата ќе ја загубам, ама вам животот ќе ви го земам каде и да сте“, „Не полицијата, туку ни војската не може да ве спаси, жените, вас и сестрите ќе ви ги силувам“,  „децата ќе ви ги…“Овие закани следат после објавите на дел од локалните медиуми кои имаат преземено вест од српски медиум а во врска со таткото на лицето Есати, лекар кој наводно се понудил да работи во Србија по што следеле разни реакции на социјалните мрежи, велат од ЗНМ.

Слични содржини