ЗНМ и СЕММ: Регистарот на професионални онлајн медиуми достапен на www.promedia.mk

од Берта Китинска
401 прегледи

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Time.mk ја известуваат јавноста дека онлајн медиумите од Регистарот на професионални онлајн медиуми Промедиа.мк отсега ќе бидат јасно назначени на агрегаторот Time.mk (https://time.mk/blue).

-Time.mk со овој пристап се придружува на напорите за саморегулација на двете новинарски оганизации во обид да се препознаат професионалните и етички онлајн медиуми.

Саморегулацијата на медиумскиот простор со ова добива нов квалитет, чекор плус за професионализација на онлајн сферата, како една од алатките кон зголемување на медиумската писменост во државата, но и за заштита на граѓаните од информации што не се обработени според Кодексот на новинари и стандардите на новинарската професија. Процесот на приклучување кон Регистарот и понатаму останува отворен за медиумите коишто ги исполнуваат критериумите наведени на веб-страницата на СЕММ: https://www.semm.mk/chlenstvo/pravila-za-chlenstvo, информираат од здружението.

Слични содржини