245
Во основното училиште „Наим Фрашери“ во околината на Гостивар, за време на снимањето инсерти за репортажа, денеска околу 14:00 часот новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути, вербално а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.
ЗНМ побара брза реакција од Министерството за внатрешни работи. Непосредно по инцидентот, а по претходна пријава во полициска станица е приведен 59 -годишниот Б.Е од с. Ѓурѓовиште, за претходна закана со напад врз 23 годишниот новинар.
Заштитата на новинарите и нивната безбедност е предуслов за информирање на граѓаните, посебно во мали средини, со цел да постои поголема присутност на теми кои се од локален јавен интерес, истакнуваат од Здужението на новинари.