ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Еснафските новинарски и медиумски организации се против легализирање на медиумската корупција преку враќање на кампањите во медиумите

од Берта Китинска
202 прегледи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до Претседателот на Република Северна Македонија, до Претседателот и претставниците на Владата на С. Македонија, Претседателот Собранието на С. Македонија и координаторите на политичките партии.

Во писмото ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ реагираат на најавите за укинување на забраната за рекламирање со јавни средства во приватни медиуми преку менување на членот 102 од Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и укажуваат на штетните последици.

Еснафските новинарски и медиумски организации укажуваат дека оваа пракса на откупување на простор во медиумите од страна на јавните установи во медиумите за кампањи може да ја поткопа независноста во медиумите и да го загрози правото на слобода на изразување. Дополнително, ова може сериозно да го наруши медиумскиот пазар кој и така е под влијание преку јавни средства кои се предвидуваат во Изборниот закон преку платената политичка програма (ППР). Освен штетата кон независноста на медиумите а со тоа и штетата на правото на информирање на граѓаните, оваа пракса на враќање на платените владини кампањи, може да го манипулира јавниот интерес преку кампањи кои би се промовирале како јавни а во основа имаат политичко партиски цели за промоција на одредени партиски субјекти и нивните политики во приватните медиуми.

Слични содржини