„Зомби дрога“ го поплави Лос Анџелес: Дилерите ја мешаат ветеринарната дрога со кокаин и хероин

од Даниел Ѓорѓиевски
261 прегледи

Дополнителен проблем е што оваа дрога, која предизвикува луѓето да шетаат низ градот како зомби, стуткани, всушност е легална супстанца, па градските власти сега очајнички се обидуваат да ја потиснат употребата на оваа дрога.

Во текот на изминатите децении, Лос Анџелес стана препознатлив како град на филмската индустрија и град во кој живеат многу познати филмски и музички ѕвезди. Денес, овој мултимилионски град на западниот брег на САД се справува со неволја предизвикана од лекот „Ксилазин“ што јаде месо. Во градот оваа дрога ја нарекуваат и „зомби дрога“, а како што пишува британски Дејли Меил, станува збор за ветеринарен лек одобрен во САД, кој се користи за смирување на кравите и коњите.

Дилерите често го мешаат со кокаин и хероин, а сега таа дрога го преплави градот. Како што се испоставува, овој ветеринарен лек најчесто се користи за намалување на количината на фентанил, смртоносен моќен синтетички опиоид кој убива десетици илјади Американци секоја година.

Слични содржини