ЗОО Скопје денеска под клуч: Инспектори од АХВ во скафандери прават испитувања за опасни вируси и бактерии

од Илинка Илиоска
79 прегледи

Инспектори и ветеринари во заштитни скафандери денеска влегоа во скопската Зоолошка градина. Како што дознава Локално тие спроведуваат истрага по сомневање за опасни вируси по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според извори од Зоолошката, инспекторите пристигнале утрово за да вршат испитувања, но и самите вработени за „Локално“ изјавија дека не располагаат со подетални информации за причините или наодите на проверките.

📸 Галетановски алармира: Птичји грип во ЗОО Скопје, вработените и посетителите да се проверат

Во последните неколку денови угинале десетина гуски, а сега започнало и уништување и на други птици.

„Локално“ се обиде да добие дополнителни информации и од директорот на Зоолошката градина и од АХВ, но до моментот на објавување на оваа вест не одговорија на повиците.

И.И.

Слични содржини