Зоолошката градина во Скопје обвини за насилен упад од страна на инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утрово. Според соопштението, инспекторите, придружувани од лица вооружени со огнено оружје, влегле во ЗОО Скопје без соодветен налог или решение и извршиле масакр врз неколку десетици птици, вклучувајќи украсни видови шатки и гуски кои слободно се движат во просторот на зоолошката градина.
„Целта на оваа секташка политика е да се предизвика измислен проблем и да се најде алиби за затворање на ЗОО Скопје,“ се вели во соопштението на ЗОО, додавајќи дека ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ и инспекторите кои учествувале во акцијата.
Во соопштението, Зоолошката градина тврди дека оваа акција е извршена без докази и дека е дел од поголема политика на Владата на премиерот Христијан Мицкоски, со цел да се наруши угледот на институцијата.
Некои од вработените се огласија и на Фејсбук, велејќи дека во моментов животните и Зоо Скопје се жртви на политичко препукување, а вработените претпрпуваат стресови.
И.И.